Антонио Николоски го напушти тимот на Младост Богданци

Екипата на Младост Богданци, која има високи амбиции за вториот дел од сезоната во Првата лига останува без еден ракометар.

Станува збор за ракометарот Антонио Николоски, кој го напушти составот на Младост Богданци.

“На првиот тренинг присуствуваа речиси сите ракометари освен левиот бек Антонио Николоски кој и покрај напорите на клубот да ја продолжи соработката истиот одлучи да го напушти матичниот клуб и да бара нова средина, на што клубот му се заблагодари за досегашната соработка и му посака среќа и успеси во понатамошниот дел од кариерата”, – објавија од Рк Младост 1977 Богданци.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *