Екипата на Астибо триумфираше против тимот на Овче Поле Славјански Универзитет со конечни 30-26 во плеј-аутот во Супер лигата.
Во првото полувреме тимот на Овче Поле Славјански Универзитет го презеде водството, и на пауза замина со предност од 13-15. Во второто полувреме екипата на Астибо направи пресврт и дојде до победа против тимот од Свети Николе.
Најефикасна во екипата на Астибо беше Марија Анчева со 14 погодоци, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Диана Димова со шест погодоци.
(фото-ЖРК Астибо)📷