Астибо означи старт на подготовките за новата сезона во Женската Супер лига (ФОТО)

Екипата на Астибо, која има високи амбиции за новата сезона во Женската Супер лига означи старт на подготовките.

Тимот на Астибо во текот на следните денови се очекува да биде комплетен со новите засилувања и сите ракометарки кои остануваат во клубот за новата сезона.

Составот на Астибо подготовките ќе ги одвива во Штип, каде ќе одигра и неколку пријателски натпревари до почеток на првенството во Женската Супер лига.

Астибо за новата сезона се засили со Клементина Ѓурческа, Марија Бојковска, Мила Филипова, Ангела Петровска, Кристина Младеновска Кузмановска и Хани Чобанова, додека договорите ги продолжија Ана Насева, Елена Димова и Марија Анчева.

(фото – ЖРК Астибо)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *