Астибо падна во Свети Николе

Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет го совлада составот на Астибо со конечен резултат 23-16, и обезбеди пласман во плеј-офот во Женската Супер лига.

Составот на Овче Поле Славјански Универзитет победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога имаше предност од 11-6. Во второто полувреме тимот од Свети Николе немаше никакви проблеми, и лесно стигна до победа против Астибо.

Најдобар стрелец во тимот на Овче Поле Славјански Универзитет беше Наталија Манева со 6 гола, додека кај екипата на Астибо најдобар стрелец беше Марија Анчева со 7 гола.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.