Астибо победнички низ Гевгелија

Екипата на Астибо забележа победа на гостувањето кај екипата на Гевгелија со резултат 22-18 во натпревар од плеј-аутот во Женската Супер лига.

Првото полувреме им припадна на ракометарките на Гевгелија со 11-10. Во второто полувреме Астибо направи пресврт, па така стигна до победа против Гевгелија.

Најефикасна во екипата на Астибо беше Марија Анчева со 12 гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасна беше Лилјана Димитрова со 6 гола.

(фото – ЖРК Астибо)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести