Ракометарките на Астибо ја совладаа екипата на Деспина со конечни 26-21 во натпревар од Супер лигата.
Астибо од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на пауза замина со предност од 11-9. Во вториот дел од натпреварот Астибо продолжи со добрата игра, за на крај да се радува на победа против Деспина.
Најефикасна кај екипата на Астибо беше Марија Анчева со 13 погодоци, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Михаела Петреска со 9 погодоци.
(фото-ЖРК Астибо)📷