Екипата на Астибо забележа победа на гостувањето кај екипата на Скопје со конечен резултат од 30-28, во 1. коло од Женската Супер лига.
Тимот на Астибо и на полувреме имаше предност од 14-11, па така на крајот од натпреварот ја обезбеди победата против Скопје.
Најефикасна во редовите на Астибо беше Марија Анчева со 16 погодоци, додека кај Скопје најефикасни беа Марија Стојановска и Јана Петровска со по 5 погодоци.
(фото – ЖРК Астибо)📷