Ракометарките на Астибо ја забележаа првата победа во Женската Супер лига, откако ја совладаа екипата на Гевгелија со високи 34-24.
Астибо и на полувреме имаше висока предност од 16-10. Во второто полувреме Астибо ја зголеми предноста, па на крај да слави против Гевгелија со висока разлика.
Најефикасна во тимот на Астибо беше Марија Анчева со 19 гола, додека кај екипата на Гевгелија најефикасни беа Благица Супар, Симона Динева, Елена Димова и Билјана Кадиева со по четири погодоци.
(фото – ЖРК Астибо)📷