Клубот Астибо организираше предновогодишна прослава на која присуствуваа играчите и управата на клубот, помагателите на клубот и медиумите.
Беа презентирани постигнатите успеси реализирани оваа година каде сениорската екипа го постигна најголемиот успех во историјата на клубот и обезбеди влез во плеј-офот во Супер женската лига на Македонија.
Пионерската екипа е на првото место во својата група оставајќи ги зад себе големите гиганти Вардар и Металург.
Се доделија благодарници на Општина Штип и Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов кои несебично даваат голема поддршка на клубот.
Благодарници добија и општествено одговорните компании кои го помагаат клубот: Колев Солар, Јофа Текс, Ископ, КТМ Енерџи Солушн и Флекс Кредит, медиумските поддржувачи М-Нет телевизија и новинарот Кирил Манев со својот портал Штиписки Асови како и творецот на химната на РК Астибо Михаил Петров.
(фото – ЖРК Астибо)📷