Ракометарките на Астибо остварија победа на домашен терен против екипата на Шампион со 30-27 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.
Астибо на полувреме имаше голема предност од 19-11. Во вториот дел Астибо продолжи да доминира на теренот за на крај да ја најави победата против Шампион.
Најефикасна во екипата на Астибо беше Марија Анчева со 15 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Димитриевска со осум погодоци.
(фото-ЖРК Астибо)📷