Рк Астраион

Астраион го доби дерби дуелот со Кичево

Ракометарите на Астраион ја совладаа екипата на Кичево 2020 во натпревар од Првата лига со минимални 33-32.

На полувремето составот на Астраион замина со минимално водство од 16-15. Во второто полувреме двете екипи играа рамноправно, но на овој дуел екипата на Астраион беше подобра од екипата на Кичево.

Најефикасен во составот на Астраион беше Иванче Ончев со 15 погодоци, додека најефикасен во составот на Кичево 2020 беше Мојсе Тасески со 13 погодоци.

Рк Астраион 33-32 Рк Кичево 2020

(фото-Рк Астраион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.