Екипата на Астраион забележа победа против тимот на Борец со 45-36 во натпревар од плеј-аутот од Првата лига.
Тимот на Астраион од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Борец.
Црвени картони заработија Александар Цонев и Александар Велков од екипата на Астраион.
Најефикасен во редовите на Астраион беше Кире Георгиев со 12 гола, додека кај Борец најефикасен беше Јован Атанасовски со 13 гола.
(фото – Рк Астраион)📷