Астраион дојде до победа против Шампион

Екипата на Астраион забележа победа на домашен терен против тимот на Шампион со 39-36 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Во текот на целиот натпревар беше неизвесно и драматично, но на крај тимот на Астраион беше поуспешен од Шампион.

Најефикасен во тимот на Астраион беше Марко Стојанов со 17 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасен беше Илија Пејковски со 8 погодоци.

(фото – Рк Астраион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.