Екипата на Астраион запиша победа против екипата на Преспа Вардар со резултат 40-36 во плеј-аутот од Првата лига.
Астраион уште на полувреме имаше голема предност, па на крај да слави против тимот на Преспа Вардар.
Најефикасен во редовите на Астраион беше Јордан Рингов со осум гола, додека кај екипата на Преспа Вардар најефикасен беше Мартин Мазниковски со 11 гола.
(фото – Рк Астраион)📷