Астраион лесно се справи со Борец во Првата лига

Екипата на Астраион забележа лесна победа против составот на Борец со резултат 34-16 во натпревар од 10. коло во Првата лига.

Астраион победата ја завери уште во првото полувреме, кога на пауза имаше високи 20-6.

Најефикасен во тимот на Астраион беше Митко Ефтимов со девет гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Јован Тикваров со четири гола.

(фото – Рк Астраион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.