Ракометарите на Астраион ја совладаа екипата на Борец со 33-31 во плеј-аутот во Првата лига.
Астраион на пауза замина со предност од 16-15. Во второто полувреме Астраион успеа да го совлада Борец.
Најефикасен во екипата на Астраион беше Марко Стојанов со девет голови, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Лазар Стојанов со 11 голови.
(фото-Рк Астраион)📷