Астраион продолжува со победите, совладана екипата на Партизан Гевгелија

Ракометарите на Астраион продолжуваа со победите во плеј-аутот во Првата лига, откако забележа убедлива победа против Партизан Гевгелија со 48-31.

На полувремето Астраион имаше високи 24-14. Во второто полувреме Астраион ја завери убедливата победа против Партизан Гевгелија.

Најефикасен во екипата на Астраион беше Александар Цонев со 11 погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Ѓорѓе Банцалиски со 13 погодоци.

(фото-Рк Астраион)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.