Тимот на Астраион од Струмица прослави победа против екипата на Македонија Ѓорче Петров со конечни 28-23.
Астраион уште на полувреме имаше висока предност од 18-10. Во второто полувреме Астраион продолжи со водството, па на крај да слави победа против Македонија Ѓорче Петров.
Најдобар стрелец во тимот на Астраион беше Васе Наков со 12 гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најдобар стрелец беше Бојан Шумоски со 8 гола.
(фото – Рк Астраион)📷