Екипата на Астраион од Струмица стартуваше со подготовките за вториот дел од сезоната 2023/2024, каде тимот ќе настапува во плеј-аутот од Првата лига.
Тимот на Астраион подготовките ќе ги одвива во салата “Парк” во Струмица, каде ќе одигра неколку пријателски натпревари пред почетокот на плеј-аутот.
Ростерот на екипата останува ист без никакви промени, а тренерот Пепи Пецанов ќе им даде шанса на младите од младинските категории.

(фото – Рк Астраион)📷