Ракометарите на Астраион дојдоја до победа на домашен терен против екипата на Преспа 2015 со конечни 26-22 во плеј-аутот во Првата лига.
Астраион во првото полувреме го презеде водството, и на полувреме имаше минимални 11-10. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Астраион за на крај да оствари победа против Преспа 2015.
Најефикасен во составот на Астраион беше Марко Стојанов со седум погодоци, додека кај екипата на Преспа 2015 најефикасен беше Арбен Леровски со шест погодоци.
(фото-Рк Астраион)📷