Екипата на Атлетик забележа победа на гостувањето кај екипата на Деспина со конечни 28-19 во Женската Прва лига.
Составот на Атлетик добро го започна натпреварот, па на полувреме обезбеди предност од 11-6.
Во второто полувреме Атлетик продолжи со водството, па на крај да слави победа против Деспина.
Најефкасна во редовите на Атлетик беше Андреа Конеска со шест гола, додека кај Деспина најефикасни беа Магдалена Ѓорѓиоска и Мери Гичева со по четири гола.
(фото – ЖРК Атлетик)📷