Левиот бек Анастасија Величковска го продолжи договорот со тимот на Атлетик до 2029 година.
Анастасија е родена на 27 април 2005. Својата кариера ја започнува во Илинден Вардар каде поминува пет години, а потоа продолжува во Металург Автокоманда каде тренира една година.
Во 2024 година учествува со нашата репрезентација на Светското првенство за младинки до 20 години што се одржа во Македонија. Оваа сезона Анастасија настапува за Атлетик, каде со своите добри настапи во првиот дел од сезоната, на заедничко задоволство клубот и таа се согласија за нов договор.

(фото – ЖРК Атлетик)📷








