Екипата на Атлетик забележа висока победа против екипата на Шампион со убедливи 29-5 во натпревар од Женската Прва лига.
Тимот на Атлетик победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 15-2.
Најефикасна во редовите на Атлетик беше Анастасија Дамјановска со осум гола, додека кај Шампион најефикасна беше Катја Маркоска со два гола.
(фото – ЖРК Атлетик)📷








