Ракометарките на Атлетик славеа на гостувањето кај ракометарките на Деспина со конечни 32-27 во Женската Прва лига.
Иако на полувреме беше нерешено со конечни 16-16, сепак во второто полувреме Атлетик со добра игра успеа да ја надигра Деспина.
Најефикасни во редовите на Атлетик беа Наталија Дишковска, Моника Босилковска и Сара Богојеска со по пет гола, додека кај Деспина најефикасна беше Мери Гичева со 12 гола.
(фото – ЖРК Атлетик)📷








