Екипата на Атлетик оствари висока победа против екипата на Јехона со убедливи 46-7 во Женската Прва лига.
Составот на Атлетик победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 22-4.
Најефикасна во редовите на Атлетик беше Мирјана Думбалоска со десет гола, додека кај Јехона најефикасни беа Бленда Абудлаји, Агнеса Хасани и Алтина Хасани со по два гола.
(фото – ЖРК Атлетик)📷








