Екипата на Атлетик од Скопје на социјалните мрежи го потврди раководството и стручниот штаб на тимот за новата сезона 2025/2026.
Во раководството на Атлетик се: претседателот Горан Стојков, потпретседателот Дејан Блажески, извршен директор Ана Стојков, спортски директор Ина Суслина и оперативен менаџер Михаела Митреска.
Во стручниот штаб се: главен тренер Татјана Хмирова, асистент тренер Ивана Велковска, тренер на голмани Тања Андрејева, кондициски тренер Дејан Пецаковски, физиотерапевт Надица Маџовска и Нина Димковска и спортски психолог Кирил Насков.

(фото – ЖРК Атлетик)📷








