Легендата на египетскиот ракомет и на селекцијата на Египет, Ахмед Ел Ахмар, кој има 38 години објави дека се повлекува од репрезентацијата и нема да настапува повеќе за репрезентацијата.
Тој 18 години го носеше дресот на репрезентацијата на Египет. Ахмед Ел Ахмар, кој настапува на позицијата лев бек ја завршува репрезентативната кариера со пет пехари шампион на Африка, девет последователни настапи на Светско првенство, четири Олимписки игри на кои во 2016 беше и знаменосец.

(фото – Ракометна Федерација на Египет)📷