Новиот шеф на стручниот штаб на МРК Куманово, Аце Станковски со стартот на подготовките со тимот го отвори своето ново поглавје како ракометен тренер со суперлигашот од Куманово.
Откако поминаа скоро месец дена од почетокот на подготовките со тимот, Станковски даде свое видување од досега сработеното од страна на стручниот штаб и ракометарите.
“Искрено задоволен сум од ангажманот на ракометарите и моите соработници во овој подготвителен период, нормално и условите кои ни ги обезбедија од управата на клубот. Се работи максимално посветено и напорно се тренира во Спортската Сала на Основното училиште “Христијан Тодоровски Карпош” во Куманово и на атлетската стаза од комплексот Соколана. Работевме на физичката спрема со полн интензитет, а воедно и воигрување на техничко-тактички комбинации и варијанти. Останува уште малку време до стартот на новата сезона и првото коло на домашен терен со Радовиш и сигурен сум дека ќе бидеме комплетно подготвени во пресрет на премиерниот меч од првото коло”, – изјави тренерот на Куманово, Аце Станковски.
(фото – МРК Куманово)📷