Екипата на Куманово, покрај играчкиот кадар кај сениорите мисли и на младинските категории.
Аце Станковски ќе ги предводи младинските категории на Куманово. Станковски е поранешен македонски репрезентативец со богата играчка кариера и богата интернационална тренерска кариера, тој истотака поседува “ЕХФ Мастер Коуч” лиценца.
Тој во клубот ќе има улога на тренер на младински селекции со цел за подобрување на младите ракометари и најдобри резултати во младинските лиги.

(фото – МРК Куманово)📷