Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ацо Јоновски го продолжи договорот со германскиот тим Интерактив.
Ацо Јоновски со тимот потпиша договор до 2024 година. Јоновски кариерата ја заврши пред две години, и токму во овој клуб ја започна тренерската кариера.
„Овде во тимот имаме одличен, интересен проект со одлични перспективи. Има силно чувство на заедништво во тимот и навистина уживам да работам со одговорните и со мојот тим. Навистина се радувам на следните години“, – изјави Ацо Јоновски.

(фото – Рк Интерактив)📷