Екипата на Металург Автокоманда, која има високи амбиции за новата сезона во Женската Супер лига се засили со две нови ракометарки.
Станува збор за сестрите Ања и Мила Лашкоски кои во новата сезона ќе го носат дресот на Металург Автокоманда.
Иако сè уште ќе настапуваат и во кадетската лига, двете ќе бидат дел од сениорскиот тренажен процес и ќе добиваат шанса за настап во првиот тим.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷