Францускиот десен бек Баптист Одифред е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Новиот член на Суперлигата го осигура потписот на 26-годишниот Одифред, кој е роден во Гренобл и зад себе има драгоцено искуство во професионалниот ракомет.
Во Франција настапуваше за екипите на Дижон и Безансон, па тресеше мрежи за Диферданж од Луксембург и Даидо Стил од Јапонија, а во следните две сезони ќе игра за Еурофарм Пелистер 2.
Се работи за ракометар висок 199 сантиметри, одличен стрелец и ракометар со важна улога и во играта во одбрана.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷