Екипата на Барселона го освои Купот на Шпанија, откако во финалето ја совладаа екипата на Бидасоа Ирун со конечни 37-29.
Барселона на полувреме имаше предност од 17-14. Во второто полувреме Барселона ја завери победата против Бидасоа Ирун.
Најефикасен во тимот на Барселона беше Гомез со седум гола, додека кај екипата на Бидасоа Ирун најефикасен беше Одриозола со осум гола.
За екипата на Барселона ова е вкупно 17. трофеј во Купот на Шпанија, а 11. по ред во натпреварувањето.

(фото-Рк Барселона)📷