Екипата на Барселона го совлада тимот на Киелце на пенали со 37-35, регуларниот дел заврши нерешено со 28-28, и каталонскиот тим ја одбрани титулата во Лигата на шампионите што ја освои минатата сезона.
Во првото полувреме тимот на Барселона го имаше водството и на пауза замина со предност од 14-13. Во второто полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи на крај завршија со нерешен резултат. Потоа имаше продолженија и пенали на кој славеше Барселона.
Најефикасен во екипата на Барселона беше Гомес со девет погодоци, додека кај екипата на Киелце најефикасен беше Вујовиќ со четири погодоци.
Најдобар стрелец на турнирот беше Алеиш Гомез од Барселона, додека МВП на турнирот беше Артем Каралек од Киелце. За Барселона оваа е 11-та титула во Лигата на шампионите.

(фото-ЕХФ)📷