Барселона подобра од Фленсбург, пласман на Ф4 турнирот

Екипата на Барселона го совлада тимот на Фленсбург со 27-24 во вториот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Во првото полувреме се играше гол за гол, па така двете екипи заминаа со нерешен резултат на полувреме од 10-10. Во второто полувреме Барселона го презеде водството и успеа да слави против Фленсбург.

Најефикасен во екипата на Барселона беше Дика Мем со шест погодоци, додека кај екипата на Фленсбург најефикасен беше Хампус Ване исто така со шест погодоци.

(фото-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести