Главниот тренер Басри Љатифи во неговата изјава за официјалната веб-страница на клубот непосредно пред новогодишните празници зборуваше за целите на клубот во пролетната сезона, но и за напредокот на клубот во текот на оваа полусезона, во која тимот Чаир ја заврши со успех.
Тренерот на Чаир, Басри Љатифи истакна дека тимот имал успешна полусезона, и дека Чаир ќе атакува на шампионска титула.
“Најпрво сакам да им се заблагодарам на техничкиот штаб, ракометарките, спонзорите, нашата публика и сите кои му помогнаа на клубот оваа полусезона. Од почетокот на сезоната имавме искрена посветеност и сериозен пристап кон секоја работа и се подразбира дека успехот не изостана. Заслужни што ја остваривме нашата цел клубот да биде на врвот на табелата и да обезбеди место во плеј-офот за да се бори за титулата, не сум само јас, туку и ракометарките, другите тренери или да речеме персоналот на моите помошници, со кои заедно завршивме прекрасна работа, додека резултатот беше непобитен”, – изјави тренерот Басри Љатифи.
Љатифи изјави дека на клубот му требаат околу 3 засилувања, за пролетниот дел, и за плеј-офот во Женската Супер лига.
“Наскоро ќе ги дознаеме имињата. Според мене, на клубот му требаат 3 засилувања, но не сакам да шпекулирам со имиња. По завршувањето на полусезоната ракометарките се одморија заслужено, додека јас заедно со техничкиот персонал ќе се собереме и ќе одлучиме кои ракометарки му требаат на клубот во моментов и на кои позиции ќе ги засилиме”, – додаде Басри Љатифи.
“Досега резултатите се позитивни, се надевам дека ќе бидеме уште подобри со засилувањата што ќе ни дојдат. Сите знаеме дека оваа година целта ни е шампионската титула и Купот на Македонија, па затоа се бориме на два фронта иако сме свесни дека во пролетната сезона ќе се натпреваруваме во плеј-офот и имаме добро подготвени противници, сепак, се надевам дека на крајот ќе ја постигнеме главната цел што ја имаме”, – заврши Басри Љатифи.
(фото – ЖРК Чаир)📷