Без победник на натпреварот Спартак и Скопје

Тимовите на Спартак и Скопје одиграа нерешено со резултат 27-27 во драматичен и неизвесен натпревар од Женската Супер лига.

Во првото полувреме Скопје го презеде водството, па на пауза замина со предност од 15-12. Во второто полувреме Спартак успеа да се врати, за на крај двете екипи во неизвесен натпревар да ги поделат бодовите.

Најефикасна во екипата на Спартак беше Елена Крстевска со десет погодоци, додека кај екипата на Скопје најефикасна беше Јасмина Попова со девет погодоци.

(фото-ЖРК Спартак)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.