Екипата на Бисинов Фруит Ленд забележа убедлива победа во градскиот дуел против Борец со резултат 44-13.
На полувреме Бисинов Фруит Ленд имаше висока предност од 22-5. Второто полувреме беше само формалност екипата на Бисинов Фруит Ленд да ја завери високата победа против Борец.
Најефикасен во тимот на Бисинов Фруит Ленд беше Панче Ристевски со девет гола, додека кај екипата на Борец најефикасен беше Душан Крстевски со четири гола.
(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷