Екипата на Бисинов Фруит Ленд забележа победа на гостувањето кај Јехона со 26-23 во плеј-офот од Првата лига.
На полувреме Јехона имаше предност од 13-8. Во второто полувреме Бисинов Фруит Ленд беше подобар противник на теренот, па така стигна до победа.
Најефикасни во редовите на Бисинов Фруит Ленд беа Мартин Иванов и Илија Табаков со по седум гола, додека кај екипата на Јехона најефикасен беше Адис Салиу со пет гола.
(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷