Бисинов Фруит Ленд подобар од Радовиш во Првата лига

Екипата на Бисинов Фруит Ленд забележа победа против екипата на Радовиш со високи 40-26 во плеј-офот од Првата лига.

Тимот на Бисинов Фруит Ленд и на полувреме имаше високо водство од 17-9. Во второто полувреме продолжи да го полни голот на Радовиш, па на крај да слави победа.

Најефикасен во тимот на Бисинов Фруит Ленд беше Ивица Илиев со десет гола, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Васе Петров исто така со десет гола.

(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.