Бисинов Фруит Ленд триумфираше на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓорче Петров

Тимот на Бисинов Фруит Ленд ја забележа втората победа во Првата лига против екипата на Македонија Ѓорче Петров со убедливи 39-24.

Екипата од Велес уште на полувреме имаше висока предност од 18-9, па второто полувреме беше само формалност да биди заверена победата.

Најефикасни во составот на Бисинов Фруит Ленд беа Ивица Илиев и Мартин Иванов со по девет гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Макисмилијан Ѓиноски со четири гола.

(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.