Бисинов Фруит Ленд триумфираше против Овче Поле

Екипата на Бисинов Фруит Ленд забележа победа на гостувањето кај екипата на Овче Поле со конечни 36-29.

Тимот на Бисинов Фруит Ленд победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на пауза имаше високи 21-11.

Најефикасен во тимот на Бисинов Фруит Ленд беше Ивица Илиев со 11 погодоци, додека кај екипата на Овче Поле најефикасен беше Димитар Минов со 8 погодоци.

(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.