Бисинов Фруит Ленд триумфираше против Металург РА

Екипата на Бисинов Фруит Ленд забележа победа против екипата на Металург РА со конечен резултат 37-27 во Првата лига.

Тимот од Велес од почетокот на натпреварот го презеде водството, на пауза замина со предност од 21-12.

Во второто полувреме продолжи добрата игра, па на крај да се радува на триумф против Металург РА.

Најефикасен во тимот на Бисинов Фруит Ленд беше Ивица Илиев со 14 гола, додека кај екипата на Металург РА најефикасни беа Коста Николовски и Стефан Крстески со по 7 гола.

(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.