Бисинов Фруит Ленд триумфираше против Јехона

Екипата на Бисинов Фруит Ленд забележа победа против екипата на Јехона со конечен резултат од 37-27 во плеј-офот од Првата лига.

Иако на полувреме Бисинов Фруит Ленд имаше минимално водство од 17-16, сепак во второто полувреме ја зголеми предноста, па на крај да слави победа против Јехона.

Најефикасен кај Бисинов Фруит Ленд беше Ивица Илиев со осум гола, додека кај Јехона најефикасен беше Бојан Давидоски исто така со осум гола.

(фото – Рк Бисинов Фруит Ленд)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.