Благодарница за Иван Џонов од екипата на Тинекс Пролет (ФОТО)

Ракометниот Клуб Тинекс Пролет пред вчерашниот дуел со Алкалоид му врачи благодарница на Иван Џонов, за придонесот што овој ракометар го даде за тимот во годините што ги мина носејќи го дресот на скопскиот суперлигаш.

Џонов ги мина младинските категории на Тинекс Пролет, по што се промовираше како значаен адут и во првата екипа на овој клуб.

Тој беше младински репрезентативец на Македонија на СП во Алжир, а беше дел и од сениорската репрезентација на Македонија на последниот мундијал што се одржа во Полска.

Претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски пред натпреварот покрај благодарницата му подарија на Џонов дрес со бројот 18, што го носеше во Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести