Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за натпреварот меѓу Алкалоид и Еурофарм Пелистер.
Овој натпревар ќе го судат Благојче Тодоровски и Димитар Митревски, додека делегати ќе бидат Камер Металари и Душко Камишевски.
Натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Еурофарм Пелистер ќе се одигра на 4 јуни во среда со почеток од 19:00 часот во салата “Автокоманда”, во Скопје.
(фото – Архива)📷