Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за натпреварите од 9. коло од групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Судиската двојка Благојче Тодоровски и Димитар Митревски ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Киелце и Динамо Букурешт.
Натпреварот меѓу екипите на Киелце и Динамо Букурешт ќе се одигра на 26 ноември со почеток од 18:45 часот во Полска.
(фото – Архива)📷








