Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за натпреварите од 11. коло од групната фаза на Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонската судиска двојка Благојче Тодоровски и Димитар Митревски ќе го судат натпреварот меѓу ПИК Сегед и ППД Загреб.
Овој натпревар ќе се одигра на 12 февруари со почеток од 18:45 часот во Унгарија во “ПИК Арена”, додека делегат ќе биде Конечни од Чешка.
(фото – Архива)📷