Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за 3. коло од главната фаза од Лигата на Европа во машка конкуренција.
Македонската судиска двојка Благојче Тодоровски и Димитар Митревски ќе го судат натпреварот меѓу Гранољерс и Криенс Луцерн.
Натпреварот меѓу екипите на Гранољерс и Криенс Луцерн ќе се одигра на 25 февруари со почеток од 20:45 часот.
(фото – Архива)📷