Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за 14. коло од групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонската судиска двојка Благојче Тодоровски и Димитар Митревски ќе го судат натпреварот меѓу Барселона и Колстад.
Натпреварот меѓу екипите на Барселона и Колстад ќе се одигра на 5 март со почеток од 18:45 часто во салата “Блауграна”.
(фото – Архива)📷